Македонскиот национален тим вечерва одржа тренинг на теренот на „Ренцо Барбера“ во Палермо каде што утре вечер ќе се одигра натпреварот од плеј-офот за пласман на СП. Противникот е силната Италија, поранешен светски и актуелен европски првак полна со ѕвезди и со големи очекувања од овој меч.
Трибините ќе бидат исполнети до последното место, а македонскиот национален тим ќе има сериозен притисок. Се надеваме дека нашите „национали“ ќе одговорат со добра игра и ќе не израдуваат со победа со која ќе се приближат до местото на СП. Да потсетиме победникот ќе игра „финале“ со победникот од мечот Турција-Португалија.