Како што е вообичаено, на ден пред одигрување на мечот со Италија, нашите национали го одработија задолжителниот тренинг, оној последен, на теренот на “Ренцо Барбера“ во Палермо.. Вечерва имаше и насмевки, но и сериозни лица. Така и треба да биде.
Оваа шанса, да се игра полуфинале за пласман на СП во Катар не се пружа секогаш, ова треба да се искористи. Максимално борбено и со верба во себе.
Момци Македонци, цела нација верува во ВАС. Вие можете. Вие досега покажавте дека сме фудбалска сила, ајде нека биде така и утре вечер во Палермо.
Овој град на Сицилија засекогаш да го паметиме по убаво нешто, по прекрасно нешто.
Да, Италија е гигант, великан, но, нели, Македонија може.
Да нема дилеми…