Вардар им се врати на победите, Струмица лесно против Шкендија

127

По поразот од Шкендија во минатото коло, одбојкарите на Вардар им се вратија на победите. Во рамките на 7. коло од втората фаза на првенството, скопските „црвено-црни“ обезбедија победа на дуелот со Универзитет во тетово од 3:1 во сетови и останаа во битка за едно од првите три места на табелата.

Доминацијата на Струмица продолжи и во Тетово, каде со максимални 3:0 беше совладана амбициозната Шкендија. Во последниот меч од групата за освојување на титулата, видовме пет сета и тешка победа на Лирија на гостувањето кај Борец од 3:2.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (7. коло)

Шкендија – Струмица 47&72                    0:3 (15:25, 19:25, 15:25)

Вардар – Универзитет во Тетово             3:1 (25:16, 17:25, 25:20, 25:20)

ГОК Борец – Лирија                              2:3 (11:25, 25:18, 22:25, 25:20, 14:16)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (7. коло)

Весна Пробиштип – Штип УГД           3:0 (25:12, 25:15, 25:19)

Јанта волеј – Македонија Џио            3:0 (25:13, 25:15, 25:18)

***Слободна е екипата на Дибра волеј

ПретходноРеал (М) или Манчестер Сити? Халанд веќе одлучил каде се сели ова лето!
СледноПобедата над Италија ни донесе скок од пет места на ФИФА листата!