Како што и се најавуваше од страна на надлежните на ФФМ, ждрепката за полфиналето во Купот на Македонија ќе се одржи во вторник, во 12 часот, и тоа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Одамна е познато дека полуфиналисти се екипите на Струга Трим Лум, Македонија ЃП, Силекс и Пелистер. Се игра еден меч а сигурен домаќин е само тимот на Струга Трим Лум како и да се падне ждрепката. Значи кого и да добијат за ривал стружани, ќе играат дома.
Да потсетиме дека Силекс е бранител на трофејот, а која екипа од овие четири успее да триумфира во големото финале ќе избори пласман во фудалска Европа. Само “лавовите“ имаат шанса тоа да го сторат и преку првенството, и само Силекс е единствен второлигаш.