Сити го наградува Фоден со нов договор

154

Тимот на Манчестер Сити планира да го награди Фил Фоден со нов договор. Младиот, 21. годишен офанзивец одигра уште една одлична сезона на „Етихад“ и клубот е исклучително задоволен од неговиот развој. Затоа шефовите се спремни да го врзат долгорочно, сериозно покачувајќи му ја платата, пишува Дејли Стар.

Фоден ја има истата плата од 2018 година, кога потпиша договор важечки до 2024 година. Во последните години, сепак, тој се етаблира како клучен играч во тимот на Пеп Гвардиола и клубот одлучи дека е време да му даде плата која одговара на неговиот учинок.

 

ПретходноЕл Конфиденсионал: Абидал лажел при пресадувањето на црниот дроб
СледноБабиќ пред утрешната пресметка со Нексе: Подготвени сме за реваншот!