На осум кола до крајот Шкупи има +13 бодови пред А.Пандев и Шкендија. Секако дека математички уште ништо не е готово, но по вчерашното 25.коло се чини дека навистина е готово.
Шкупи е новиот првак, треба да се случи само некоја катаклизма за да не биде. Шкендија е во очај, А. Пандев го губи здивот, па така на чаирчани им останува само уште да стават печат на титулата. Веројатно за 2-3 кола и тоа ќе биде официјализирано.
Затоа Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи, може конечно да се насмее, не мора да биде толку сериозен како вчера по мечот со Тиквеш кој неговиот тим го доби со 1:0.















