Куп финалето закажано за 20. мај на Арената „Тодор Проески“

368

Денеска во ФФМ се одржа седница на Управниот одбор на која беа донесени неколку одлуки. Финалето во сениорска конкуренција во Купот на Македонија ќе се одигра на 20. мај на Националната Арена „Тодор Проески“, беа утврдени и датумите за останатите конкуренции.

Исто така беа донесени одлучи за селектори на репрезентациите до 14 години и до 15 години.

– На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше донесена одлука Раде Каранфиловски да биде назначен за селектор на македонската репрезентација до 14 години, додека Дашмир Беари е назначен за селектор на македонската репрезентација до 15 години;

– На денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беа утврдени датумите на одигрување на финалните натпревари во Купот на Македонија во следните конкуренции:

– Помлади пионери (01.06.2022)

– Пионери (01.06.2022)

– Кадети (02.06.2022)

– Младинци (02.06.2022)

– Женска конкуренција (18.05.2022)

Финалето во Купот на Македонија во сениорска конкуренција ќе биде одиграно на 20. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

ПретходноВечерва ЛЕ и ЛК: Ајнтрахт по победа на „Ноу Камп“, Рома по пресврт против Бодо/Глимт
СледноГвардиола: Мораме подобро, со таква игра ќе немаме шанси против Реал