Миклован Пере: Го респектираме Борец, но Струга ТЛ оди по трите бода во Велес!

80

 

Во пресрет на мечот на годината, а тоа секако дека е полуфиналето од Купот на Македонија, в среда со Македонија ЃП на свој терен, фудбалерите на Струга ТЛ имаат денеска обврска и во ПМФЛ. Момците на стратегот Срѓан Захариевски гостуваат во Велес, каде се среќаваат со тимот на Борец.

Овој натпревар започнува во 16 часот.

За тоа какви се очекувањата на стружани, свој коментар има дефанзивецот Миклован Пере…

“Ова гостување кај Борец е како и сите натпревари. Секако дека го цениме и респектираме противникот,но ние сме Струга ТЛ, па така и на овој како и на сите останати, одиме на победа. Се надевам дека ќе го извлечеме најдобриот можен резултат од овој меч, а тоа секако дека се трите бода“ посочи Пере.

ПретходноЛазаров: Верувам во победа над Чешка, имаме квалитет!
СледноПМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Ѓорче, лидерот гостува во Битола и е на два чекори до титулата…