Ѓоревски: Не планираме да застанеме, го сакаме трофејот! МЗТ и мак-кошарка го заслужуваат тоа!

193

МЗТ Скопје Аеродром веќе има обезбедено пласман во јадранската елита за следната сезона, по синоќешната победа над Широки (75-71), но тоа не значи дека нема да даде се во неделното големо финале против Златибор (19 часот) на крајот од завршницата.

ФОТО: Екипа.мк/Роберт Спасовски

Така размислува и извршниот директор на клубот, Филип Ѓоревски, кој не сака да ја пропушти можноста регионалната сезона да ја заврши со трофеј во рацете.

„Пресреќни сме што успеавме да го оствариме сонот, а тоа е да го вратимо клубот таму каде што му е местото – во јадранската елита. Но, не планираме да застанаме на тоа. И покрај пласманот во друштвото на најдобрите, за нас неделното финале од НЛБ АБА2 лигата против Златибор (19 часот) е исклучително важно бидејќи сакаме да го кренеме победничкиот пехар. Ги повикувам сите што навиваат и имаат симпатии за нашиот клуб, но и останатите спортски вљубеници во државата да дојдат утре в сала и да ни помогнат да ја оствариме посакуваната цел. Секој освоен трофеј е драгоцен, па затоа сакам сите заедно да имаме двојна причина за радост по утрешната финална пресметка. МЗТ Скопје и македонската кошарка го заслужија тоа. Затоа, сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“. Заедно сме најсилни!“, вели предводникот на сино-белата чета.

МЗТ Скопје во четвртфиналето на турнирот во „Јане Сандански“ беше подобар од Сутјеска, а сезоната во АБА2 ја заврши на првото место со скор 10-3.

ПретходноИСТОК: Слога (В) броеше до осум, по три бода и за Победа и Беласица
СледноФА Куп: Лудо на “Вембли“, на крајот Ливерпул славеше пласман во финале (ВИДЕО)