Данило Брестовац во својата прва сезона како тренер на екипата на Ал Мадар од Саудиска Арабија успеа да го освои шампионскиот трофеј. Ова е втор трофеј за македонскиот тренер откако е на кормилото на Мадар затоа што претходно го освои и трофејот од Суперкупот.
Во првенството заедно со Ал Калеј имаа исто бодови. Па одлучено беше да се игра мајсторка која Мадар ја доби и така стана шампион на Саудиска Арабија.