Ливерпул му нуди нов договор и на Мане

198

Ливерпул подготвува нов договор за еден од своите најдобри играчи, Садио Мане, тврди „Football Insider“. Интернационалецот од Сенегал, кој има полни 30 години има договор на уште една година со тимот од Енфилд, но таму тешко дека ќе сакаат да се ослободат од него, напротив, со сите сили ќе се обидат да го задржат. Па така, Ливерпул сака со Мане да потпише дил со кој би го задржал до крајот на неговата кариера, слично како да речеме со Мохамед Салах. 

Мане оваа сезона одигра 41 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 голови и две асистенции. Во саботата тој постигна два гола во победата од 3-2 над Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот. 

 

ПретходноДавидовски и Џиролами го одработија официјалниот тест за ТЦР Европа
СледноРисто Митревски на пат за Индонезија