По пауза од 10 години Интер ќе игра финале во Купот на Италија (ВИДЕО)

150

Со убедлива победа од 3:0, Интер го доби големото градско дерби против Милан и успеа да си го резервира местото во финалето на Купот на Италија. По оние 0:0 на првиот меч на кој формално домаќин беше Милан, вечерва на „Џузепе Меаца“, „нероаѕурите“ покажаа дека повеќе го сакаат трофејот во Купот и сосема заслужено го прегазија градскиот ривал.

Интер поведе со голот на Лаутаро Мартинез во 4. минута, а до крајот на полувремето Аргентинецот погоди уште еднаш за конечни 2:0 по првиот дел.

Во второто полувреме Милан притисна, па дури и постигна гол преку Бенасер, кој беше поништен по асистенција на ВАР собата. Конечните 3:0 ги постави Госенс со голот на 8 минути пред крајот на регуларниот дел.

Интер по пауза од 10 години се враќа во финалниот меч за Купот и ќе има шанса да нападне на освојување на осмиот куп-трофеј.

ПретходноЛиверпул го „смеле“ Манчестер Ј. на „Енфилд“ и поведе во шампионската трка (ВИДЕО)
СледноНа Леклер му го „здиплиле“ часовникот вреден 300.000 евра (ФОТО)