Куп – полуфинале: Во Струга ќе “ГОРИ“, Битола сака финале…

220

 

Денеска од 16 часот се играат двете полуфиналиња во Купот на Македонија. Во Струга домашниот состав ја дочекува Македонија ЃП, додека во Битола кај Пелистер гостува бранителот на пехарот, тимот на Силекс.

Ден “Д“ за сите четири екипи кои и тоа како имаат амбиции да се најдат во големото финале кое е закажано на 20 мај во Скопје.

„Дербито“ ако може така да се каже е во Струга. Стружани цела пролет се подготвуваат за овој за нив историски меч. “Лавовите“ се во супер форма, играат одлично, имаат шанси и преку првенството да изборат евро виза, но сепак финале е финале.

За Струга ТЛ цела сезона е во овој натпревар. Знаат со кого ќе си имаат работа, мотиви има до небо и на двете страни.

Ќе биде жестоко, борбено, битка до истребување, и јасно е дека попладне во Струга ќе “ГОРИ“.

Пелистер и официјално е второлигаш. Но затоа битолчани сакаат сезоната, која за нив беше турболентна, да ја завршат со финале во Купот на Македонија. А за тоа имаат шанси, иако Силекс е бранител на трофејот, има одличен тим и под водство на стратегот Горазд Михаилов експресно ќе се врати во ПМФЛ, сепак кратовци се “најдобар“ ривал за Пелистер и тоа кога играат дома.

Ова е куп натпреварување. Нема фаворити, нема аутсајдери. Изненадувања имало и ќе има, затоа сите си имаат свои шанси.Значи четири желби а само две ќе се остварат.

Се игра по еден натпревар, нема реванши, во случај на нерешен резултат по истекот на 90.минути во Струга и Битола, веднаш ќе се изведуваат пенали и на тој начин ќе се дојде до победникот.

ПретходноПеле е добар, за неколку дена излегува од болница
СледноГоразд Михаилов: Силекс не крие, сака финале, ние сме бранители на пехарот…