Мемфис надополни -26 поени во Минесота, Денвер и Јокиќ се пред елиминација

152

Кошаркарите на Мемфис ја совладаа Минесота во гости со 105:94 и поведа со 2:1 во плеј-оф серијата во Западната конференција. Минесота со поддршка на своите навивачи стигна до огромна предност 47:21, па на почетокот на втората чевртина делуваше дека ништо не може да ги спречи да стигнат до победа.
Сепак, Мемфис успеа драстично да ја намали предноста до полувреме, сепак, Минесота влезе во последната четвртина со уште една висока предност од 83:67. Во последниот период Мемфис заигра фуриозно, го „изрешета“ кошот на домашните кои излегоа од ритам. 37:12 за Мемфис во последната четвртина и пресврт за победа.
Дезмонд Бејн беше еден од јунаците за пресврт затоа што постигна 26 поени од кои седум тројки.Брендон Кларк постигна 20 поени. Расел беше најефикасен во поразената екипа со 22 поени.

Голден Стејт ја победи екипата на Денвер со 118:113 и води со 3:0 на стартот на плеј-офот. И покра два гостински порази, Денвер собра сили сериозно да им испарира на Вориорс како домаќин, но не беше кадарен да дојде до триумф.
И покрај поразот Никола Јокиќ постигна 37 поени и 18 скокови, а кај Голден Стејт по 27 поени постигнаа Кари и Пул.

Далас Маверикс славеа против Јута Џез со 126:118 и поведоа со 2:1 во плеј-офот. Мичел со 32 поени беше најефикасен кај поразениот тим, а Брунсон со 31 поен кај победничката екипа.

ПретходноБарса со еден гол до трите бода кај Сосиедад! (ВИДЕО)
СледноЧави искрен: Сосиедад заслужи повеќе, ние не можевме да излеземе од својата половина