Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ денеска доби дрес од најдобриот македонски ракометар и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
Кире е голем фан на Ноле, тоа го откри во новогодишно интервју за СПОРТМЕДИА.
Дресот на Лазаров му го подари Бошко Тасиќ, македонскиот спортски новинар, кој е присутен на Србија Опен 2022. Тој му ја пренесе и порака од Кире:
„Новак секогаш бил најголем за мене. Иако е помлад од мене во него гледам идол. Идол на теренот и надвор од теренот. Човек победник кој се раѓа еднаш во 1000 години. Неговата ментална сила и начин на однесување во важните моменти и во моментите кога губи, поточно како од изгубен меч знае да направи пресврт тоа е речиси невозможно, а тој тоа го прави со леснотија. Најголем“.