Екипата на Бетис за која игра македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли не успеа да направи сензација и да го совлада Реал Мадрид на домашен терен во АЦБ лигата. „Кралевите“ славеа со 71-69, а Вајли имаше одличен настап затоа што за 20 минути реализираше 10 поени, имаше и 3 скока и 1 асистенција.
Бетис водеше на полувреме со 36-27, меѓутоа во третата четвртина постигна само девет поени со што му дозволи на Реал да фати ритам во финишот и да стигне до победата.