Горазд Михаилов: Силекс со Вардар и Воска ќе се подготвува за финалето во Купот!

865

Силекс си ја заврши својата работа сезонава во ВМФЛ – ЗАПАД. На две кола до крајот и математички обезбеди пласман во елитата, па така кратовци по една година мината во второлигашкото друштво експресно се вратија во нашата фудбалска елита.

Нив ги чека на 20 мај финале во Купот на Македонија, каде ќе го бранат трофејот и тоа против Македонија ЃП.

Сепак претходно на 7 и 14 мај треба да играат со Вардар на гости и со Воска дома во рамките на ВМФЛ – ЗАПАД. Тоа се двете екипи кои жестоко се борат за влегување во баражот за пласман во ПМФЛ.

Горазд Михаилов, стратегот на кратовци по големиот успех во пренството сега мирно размислува што и како во Купот, а за дуелите со Вардар и Воска за „Спортмедиа“ истакнува…

Видете, ние нашата примарна цел ја остваривме. Со голема работа на сите во клубот ете успеавме експресно да се вратиме во елитата. Сега не чека дуел во Купот, големото финале и и сите наши мисли се насочени кон тој 20 мај. Натпреварите со Вардар и Воска ќе ги искористиме како подготовка за тоа финале. Силекс е голем клуб, и посакува последните три меча оваа сезона, двете во првенството и едната во Купот, да ги добие.Ние ќе одиме на победа на сите три, сепак ќе видиме дали ќе успееме во тоа“ заврши Михаилов.

ПретходноРистовска со два гола го потврди полуфиналето за ЦСКА (М)
Следно„Ле Паризиен“ најавува пресврт: Родителите на Мбапе се договориле со ПСЖ за нов 2-годишен договор!?