Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини смета дека италијанскиот фудбал треба да се промени, дури и да се воведе плеј-оф во Серија А.
„Треба да ги промениме правилата, како и општо поставеноста. Во Италија има премногу конзервативизам. Во бизнисот се прават работи што треба да се направат, но во фудбалот секоја идеја за промена се доживува како потенцијална закана. Размислете за стадионите. Сите знаат дека треба да се направи нешто поинакво“, вели 37-годишниот.
„Серија А треба да претрпи промени, па дури и да се воведе плеј-оф. Би имало повеќе интриги. Тоа би било многу интересно за повеќето фанови. Но, постои страв од нови работи и на крајот ништо не се менува“, заклучи искусниот дефанзивец.