Екипата на Леванте освои многу значајни бодови во борбата за опстанок во Ла Лига. Вечерва на свој терен го совлада Сосиедад со 2:1 во 35. коло. Мирамон во 53. минута го доведе Леванте во предност, Даниел Силва во 66. изедначи.
Македонскиот интернационалец Енис Барди влезе во 63. минута, тој имаше две шанси за погодок. Најсериозната во 86. минута кога неговиот удар го блокираше еден противнички играч и заврши во корнер. Една минута подоцна судијата досуди пен по старт на десниот бек Диего Рико.
Гонзало Мелеро ја затресе мрежата на противникот од белата точка за конечни 2:1.
Сосиедад ги загуби шансите за ЛШ, но затоа е во игра за место во ЛЕ затоа што е на шестото место на табелата со 56 бода.
Леванте има 29 бода, а е три бода оддалечен од сигурната зона.
До крајот Леванте ќе игра со Реал Мадрид на „Бернабеу“, потоа со Алавес дома и на крајот со Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски во гости.