Менаџерот на Димитријевиќ се закани: Ако Хрватските клубови ја напуштат АБА лигата, ќе се погрижам моите играчи да си заминат!

566

Еден од најпознатите кошаркарски менаџери на овие простори, кој беше задолжен за кариерата на Перо Антиќ, а сега за Ненад Димитријевиќ, Мишко Ражњатовиќ се огласи по апелот на хрватската кошаркарска федерација до своите клубови да ја напуштат АБА-лига.

„Апсолутно е сигурно дека доколку хрватските тимови не играат во АБА, туку во Алпе Адриа лигата и слично, ќе дадам се од себе да ги натерам моите млади клиенти да одат во средината и лигите каде што можат да се развиваат! Тоа е моја обврска! Натпреварувањето во овие лиги сигурно ќе го згасне талентот што го имаат“, напиша Ражнатовиќ на Твитер.

Мишко Ражњатовиќ ја има менаџерската агенција Беобаскет, тој беше главниот виновник што Перо Антиќ замина да игра во НБА-лигата.

ПретходноНаместо на кафе на Широк Сокак – на „баскет“ во сала!
СледноРФМ и во корона-година со позитивно финансиско салдо