И официјално: Од следната сезона машката лигата ќе брои 16 екипи!

941

Ракометната федерација на Македонија во овој момент го одржува своето редовно годишно Собрание. На истото присуствуваат 50 делегати со право на глас од вкупно 54.

Една од главните точки на дневен ред беше проширување на Супер лигата следната сезона. Овој предлог веќе беше изгласан од последната седница на Управниот Одбор при РФМ, откако истиот беше и потпишан од страна на сите клубови.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи во две групи по осум екипи (14 кола двапати по седум (дома – гости), место во Супер-лигата ќе обезбедат првите четири клубови од секоја група, додека останатите осум ќе се борат за опстанок.

Од вкупно 31 машки клубови, 30 го потпишале го доставиле овој предлог до РФМ.

Првото место ќе носи три бода, второто два бода, третото еден бод, додека последниот тим ќе пренесе нула бодови во следната сезона.

Шесто место во плеј-аут ќе игра бараж со третопласираниот од Првата лига. Седмиот и осмиот на крајот ќе испаднат од лигата, а првиот и вториот од Прва лига ќе влезат во Супер лига.

Ист систем ќе има и во женската Супер-лига, во зависност од нивниот број ќе бидат поделени во две групи. Потоа ќе бидат поделени во плеј-оф и плеј-аут.

ПретходноЗАПАД: Сега Силекс се прашува за судбината на Вардар, Воска денеска ќе навива за кратовци…
СледноРасел најбрз на вториот тренинг во Мајами, Саинц го уништи болидот