Тотре стави печат на титулата во Албанија (видео)

417

Македонскиот репрезентативец Енур Тотре го постигна победничкиот гол за Тирана во дуелот со Партизани во дербито на колото и така на својот тим му ја обезбеди шампионската титула во Албанија.
Екс-играчот на Шкендија погоди во 47. минута, гол кој се покажа како победнички.
Тирана ја запечати шампионската титула, своја 26. во клупската историја. За Тирана играше и Кристијан Тошевски.

ПретходноМиовски со гол за МТК во победата над шампионот Ференцварош (видео)
СледноЛудило во Гелзенкирхен: Чурлинов и Шалке изборија место во Бундес лигата!