Неспортски потег или случајност: Погледнете ја повредата на Морант (ВИДЕО)

438

Кошаркарите на Голден стејт поведоа со 2-1 во полуфиналето во Западната конференција, откако го совладаа Мемфис со 142-112. По овој дуел се зборуваше за повредата на ѕвездата на гостите, Џа Морант, кој мораше да оди на клупата.

Морант одигра одличен натпревар, за 36. минути постигна 34 поени и подели седум асистенции, по завршување на овој дуел, на „Твитер“ пиша: Го прекрши кодексот. Ова се зборови на тренерот на Вориорс, кој ги искористи откако Брукс го повреди Пејтон.

На вчерашниот меч Пул стави рака на десното колено на Морант додека беше во одбрана и го повлече. По натпреварот тој изјави дека го погледнал видеото и не може да објасни што се случило:

„Го удвоивме и тргнав накај топката. Секако дека не сакам да повредам негово, не сум таков играч. Се надевам дека ќе биде добро и ќе игра на четвртиот меч“.

Стеф Кари со 30 поени и 6 асистенции беше прв стрелец, зад него беше Пул со 27 поени, Томпсон имаше 21 поен и 9 скока.

Кошаркарите на Милвоки поведоа со 2-1 во полуфиналето, откако беа подобри од Бостон со 103-101. Јанис Адетокумпо беше лидер на првакот со 43 поени, 12 скока и 8 асистенции, кај Селтикси Браун имаше 27 поени и 12 скока.

ПретходноВетеранот Улрих го продолжи договорот со Баерн
СледноКлоп по ремито со Тотенхем: Тие имаа седум дена за подготовка, ние само три!