Вардар 1961 во нова пресметка со битолчани за одбрана на тронот!

323

Денеска ќе се комплетира осмото коло во Супер-лигата. Вардар 1961 по триумфот во Битола против директниот конкурент за титулата, во „Јане Сандански“ го пречекува вториот тим на Е.Пелистер, дуелот е закажан со почеток во 13 часот.

Актуелниот македонски првак за одбрана на тронот треба да ги добие последните три средби од оваа сезона. А први на списокот се Е.Пелистер 2, овој тим веќе еднаш ги изненади „црвено-црните“, но на домашен терен. Во октомври минатата година славеше со 27-26. Следните две пресметки им припаднаа на вардарци, кои сигурно нема да пропуштат шанса сигурно да чекорат кон титулата.

Вчера Е.Пелистер кој се надева на нов кикс по пропуштената шанса за трофејот, беше подобар на гостувањето кај Охрид со 21-24, додека Бутел Скопје го осигура третото место на табелата откако по голема драма го доби мечот со Тиквеш на гости (27-28).

ПретходноФергусон на состанок со Роналдо, целта е една!
СледноАеродром се подготвува за реванш, битката за „четворката“ станува „жешка“