И во Германија се “мести“: На двете екипи им одговараше 1:1, па само си додаваа! (ВИДЕО)

533

Зарем е можно ова да се случува во Германија, во фудбалска Германија да се “мести“, иако не беше тоа класично местење, но сепак немаше фудбал. Имено на еден меч меѓу Елверсберг ФСВ Франкфурт, екипи од Регионалната лига, немаше фудбал, барем не во последните 12.минути. Имено и на едните и на другите резултатот од 1:1 и тоа како им одговараше, па играчите на двете екипи само си додаваа, воопшто не помислија да го нападнат противничкиот гол. Едната екипи со ова реми остана во лига, додека другата се пласира во повисок ранг.

Мераци…

Смешно, но вистинито. Се разбира дека ова е неспортски потег, но судиските стручњаци од таа земја сметаат дека со таквиот начин, иако е неспортски, и двете екипи не го нарушиле генерално фер – плејот.

Нема кого да казнат.

ПретходноУЕФА ги одреди 10-те града каде ќе се игра ЕВРО 2024
СледноПартизан поведе во полуфиналето на АБА лигата против Будуќност