Тимур Дибиров не си заминува од Вардар. Барем не во следниот период. И покрај најавите дека искусното крило ги одигра последните мечеви за клубот, и по долги години минати во Вардар конечно си заминува, сепак, денешната информација го вели токмун спротивното.
РК Вардар денеска објави дека е потпишана нова соработка со Дибиров, со која тој се обврзува да го носи „црвено – црниот“ дрес до јуни 2023 година, поконкретно уште една сезона. Со ова се става крај на сите шпекулации, кои велеа дека Вардар ќе мора да бара решение за заминувањето на искусниот играч.