Сити со посебна клаузула во договорот на Халанд која ќе стапи во сила во 2025 година!

248

Ерлинг Халанд е нов играч на Манчестер Сити, доаѓа за сума од 75 милиони евра. Борусија Дортмунд го напушта по две и пол години, за кои одигра 88 натпревари и запиша 23 асистенции.

Халанд беше најголема желба на Пеп Гвардиола, кому многу му недостасува таков профил на играч. На Сити му треба голгетер од светска класа, а тоа треба да го добие норвешкиот центарфор.

Билд пишува дека Сити затоа се осигурал. Халанд во договорот со Сити ќе има излезна клаузула од 150 милиони евра, а таа може да биде активирана пред неговата трета година од договорот (2025). Според Трансфермаркт, Халанд вреди 150 милиони евра, а со Сити потпиша на пет години. Според првиот договор тој ќе заработува 435 илјади евра неделно.

ПретходноУ-14 и У-15: Младите репрезентации на Македонија со порази од Словенија и БиХ
СледноНоле “експрес“: Ѓоковиќ го “збриша“ Вавринка во Рим!