Кавадарци е градот кој ќе ги даде победниците во Купот на Македонија за оваа сезона и во машка и во женска конкуренција. Битката за трофејот почнува денеска, на програмата се полуфиналните пресметки во машка конкуренција, два тима веќе имаат пехари во своите витрини, два немаат ниту еден.
Први во салата „Јасмин“ ќе истрчаат Вардар 1961 и Е.Пелистер 2, дуел кој е закажан со почеток во 17 часот. Скопскиот тим е бранител на титулата, до сега има 14. пехари, па сонува оваа сезона да ја заврши со двојна круна. Противникот е познат, со битолчани играа во минатото коло на домашен терен, па не би требало да има изненадувања, особено ако се земе играта од претходното коло.
Во втората полуфинална двојка Е.Пелистер ќе игра против Бутел Скопје (20 часот). Откако битолскиот тим не успеа да го добие најважниот дуел за титулата, ќе се обиде спасот на сезоната да го бара токму во Купот на Македонија. Се очекува во финалето да игра токму против Вардар 1961, има пет пехари во ова натпреварување. Останува да видиме дали ќе успее да го најде лекот за актуелниот освојувач.
Инаку најтрофеен тим е токму Вардар со 14 титули, Металург има шест, Пелистер пет, по една имаат Куманово, Борец и Тутунски Комбинат.