Тенисерката од Полска, Ига Швјонтек е победник на Мастерс турнирот во Рим, откако во финалето ја совлада Онс Жабур од Тунис со 6:2, 6:2.
Ако на оваа информација се додаде дека таа не загуби ниту еден сет на целиот турнир, тогаш станува јасно за каква форма се работи во моментов на оваа тенисерка, и зошто таа е неприкосновено на првото место ан ВТА листата.
Ова е инаку 28. победа по ред на Швјонтек, што е најблиску до онаа серија на Жастин Анин од 32. победи во 2008 година.