Ова ШОУ го има само на Балканот и тоа на фудбалски натпревар. Имено викендов се одигра мечот од Втората лига во Хрватска меѓу Јарун и Рудеш. И во еден момент еден фудбалер паѓа во несвест и лежи на тревата. Во тие моменти влетува неговата девојка загрижена што се случува со нејзиниот дечко. Додека на повредениот играч му се укажува помош, судијата Иван Бебек, еден од најдобрите на овие простори во изминатите децении, ја теши девојката.
Минаа речиси десет минути, и кога излезе дека се е во ред со играчот таа конечно си се врати на своето место на трибината.