Клоп: Нема да направиме ништо ако во финалето излеземе со мислата за одмазда

109

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп кажа дека ниту тој, а ниту еден од неговите фудбалер не оди во финалето на ЛШ со мислата за одмазда. Во сабота Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид во Париз за титулата европски шампион, а пред четири години двата тима играа во финалето на ЛШ, а тогаш Реал победи со 3:1. Тој меч се одигра во Киев.

Година подоцна Ливерпул стана европски првак, а во 2020 година „црвените“ ставија крај на 30-те години без титула во Премиер лигата.

Имам  чувство дека треба да возвратиме за оној пораз пред неколку години, а не треба така да мислиме. Ако излеземе во финалето со желба и идеја за одмазда, работите нема да одат на добро. Тоа не е нашиот стил. Мора да играме на нашиот начин и ќе се обидеме да го направиме тоа“, додаде Клоп.

Тој исто така многу љубезно зборуваше за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, нарекувајќи го Италијанецот „неверојатен пријател и колега“ и додаде дека се надева дека повеќе луѓе ќе размислуваат за него на ист начин.

ПретходноКомпани ќе го враќа Барнли во Премиер лигата!?
СледноЃоковиќ без загубен сет се пласираше во следната фаза на Ролан Гарос