ППД Загреб по голема драма славеше на гостувањето кај Нексе во вториот плеј-оф натпревар со 24-26 и дојде до нова титула во хрватскиот шампионат. Главниот збор на теренот го имаше Иван Чупиќ. Екс-вардарецот дефинитивно е човек за големи работи, постигна десет погодоци и на ППД Загреб му ја донесе 30-титула.
„Плинарите“ на крилата Чупиќ, но и одличниот голман Матеј Мандиќ кој одбрани седмерец во самиот финиш, добро го отворија дуелот, поведоа со 3-7, на одморот имаа позитива од 9-11.
Покрај Чупиќ, добра игра пружи и Кларица со пет гола, на другата страна Мелиќ имаше шест гола.