Бостон на чекор до 22. финале во НБА-лига: Одбраната на Селтикс го „меле“ Мајами (ВИДЕО)

107

Кошаркарите на Бостон се најдоа на победа до финалето во НБА-лигата, откако поведоа против Мајами со 3-1 во серијата во Истокот. Селтикси го совладаа Мајами со 93-80, во петок вечер ќе имаат шанса да дојдат до 22. финале во својата историја и да дојдат до 18. титула со што би се издвоиле од ЛА Лејкерс.

Мајами одигра добро прво полувреме, по кое водеше пет поени разлика. Одлучувачка беше третата четвртина во која Бостон постигна 32 поени, двојно повеќе од домаќинот, а таа предност мирно ја одбрани во последната четвртина.

Браун постигна 25 поени, Татум имаше трипл-дабл со 22 поени, 12 скока и 9 скока. Кај Мајами, Адебајо запиша 18 поени и 10 скока.

ПретходноЕуфоричниот Мурињо порача: Испишавме историја, ќе ја одбијам секоја понуда!
Следно„Посебниот“ не издржа, го совладаа емоциите (ВИДЕО)