Екипата на Академија Пандев е еден од нашите претставници во фудбалска Европа летово, и како таква секако дека сака да се претстави во најдобро можно светло. Тоа во моментов подразбира задржување на актуелниот играчки ростер и пополнување на празнините со квалитетни засилувања.
Па така, во насока на договарање на нова соработка со актуелните фудбалери, од Академија Пандев не информираат дека Коста Манев и Димитар Митровски се договорени и за следната сезона, односно ќе бидат предводници на тимот во претстојната Евро авантура.
Од друга страна пак, управата интензивно преговара и со останатите носители на играта на Академија Пандев во изминатиот период, а во исто време и на доведување на засилувања.