Иако не играа заедно во Вардар, Стефан Ристовски и Филип Гачевски се големи пријатели. Тоа го потврдува фактот дека кога капитенот на нашата репрезентација и член на Динамо Загреб, ќе дојде во Скопје, секако дека наоѓа време за кафе – дружба со Филип Гачевски, голманот на скопските „црвено – црни“.
Секако дека тема на муабет покрај репрезентацијата, инаку Стефан поради повреда нема да може да игра против Бугарија, е и тоа што се случува со Вардар. Стефан е “дете“ на Вардар и секако дека го интересира што се случува со неговиот матичен клуб, а кој друг подобро од популарниот Гача ќе може да му го каже тоа.
И така низ едно „ВАРДАРСКО КАФЕ“да се мине времето кога си на одмор од фудбалот.