Де Брујн доби тренерска А лиценца на УЕФА

143

Кевин Де Брујне го положи испитот и доби УЕФА А тренерска лиценца од Белгиската фудбалска федерација.

Му требаа две години за да стигне до оваа лиценца, а во последната година работеше со јуниорите на Манчестер Сити како дел од патот до добивање на лиценцата.

Тренерската А лиценца е втора најсилна во хиерархијата на УЕФА, само Професионалната лиценца е посилна. Со диплома од ниво А, тренерот може да води младински тимови до 18 години, и тимови од втор ешалон.

Освен фудбалерот на Манчестер сити, со право да вршат тренерска работа се стекнале и уште неколку белгиски фудбалери: Јури Тилеманс, Дрис Мертенс, Јан Вертонген и Аксел Витсел.

ПретходноФранција ќе остане без трка во календарот на Формула 1 за следната година?
СледноГолемиот шеф подготвува големи работи