Украина славеше на „Хемпден Парк“ во Глазгов со 3:1 и обезбеди пласман во финалето од последниот европски бараж кој води на Светското првенство во Катар во ноември. Во одложениот меч од мартовските баражи поради војната со Русија, Украина на гостувањето во Шкотска со головите на Јармоленко и Јаремчук дојде до 2:0, по што домашните успеаја да се вратат во живот со голот на МекГрегор во 79. минута,
И покрај тоа што се обидува аво финишот на мечот да дојдат до израмнување, направија неколку грешки и им дозволија на Украинците со гол во 95. минута да го затворат мечот. Третиот гол за Украина беше дело на Довбик.
Украина в недела ја чека последниот меч со Велс. Победникот од овој меч ќе го пополни последното слободно место од Европа за СП во Катар.