Македонската фудбалска репрезентација губи на полувремето од Бугарија со 1:0 во мечот од 1.коло на Лигата на нациите кој се игра на стадионот во Разград. Во 13. минута по еден контра напад Неделев му асистираше на Десподов кој се најде сам пред Димитриевски и го лобуваше за предност на Бугарија.
Во 21. минута супер шанса за Енис Барди да изедначи. Капитенот шутираше силно но домашниот голман среќно со глава го спаси својот гол.
HOSTIA TERRIBLE 🤦 🇧🇬🆚🇲🇰😂 pic.twitter.com/t2DthBB2Lk
— Fútbol Búlgaro 🇧🇬 (@futbolbulgaro) June 2, 2022
Иако македонскиот национален тим е подобар на теренот, но засега резултатот е на страната на Бугарите. Ќе треба да се нападне подобро во вториот дел.
Despodov 😍 pic.twitter.com/5cm7hbWeMk
— GoncaloDias17 (@goncalo_diass17) June 2, 2022