Браќата Њокас од Скопје во Бахреин

296

Оливие и Кевин Њокас по завршувањето на обврските со Вардар 1961 се селат во Бахреин, авантура која ќе трае кратко. Француските ракометари се нови засилувања на екипата на Ал Најма од Бахреин и нивната задача ќе биде да му помогнат на тимот за два важни настани.

Заливскиот Куп и Азискиот шампионат што ќе се одржи во Индија.

Сепак ова нема да биде долгорочен ангажман, Оливие Њокас се најавува како засилување на Олимпијакос, додека неговиот брат е на мета на Црвена Звезда.

Њокаси во Скопје дојдоа како освежување во Автокоманда, откако овој тим доби забрана за настап во сите европски клупски натпреварувања поради долгови кон поранешните играчи, се пресели во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноСпектакуларна победа на нашиот кикбоксер Бобан Илиоски со нокаут во Зворник! (ВИДЕО)
СледноБез право на грешка: Одбојкарите вечерва гостуваат во Тирана