Без право на грешка: Одбојкарите вечерва гостуваат во Тирана

192

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 19 часот во тирана ќе го одигра клучниот меч во битката за пласман на завршниот турнир од Европската сребрена лига. По поразот од Албанија во Скопје со 3:1, избраниците на Ратко Павличевиќ денеска немаат право на нова грешка доколку сакаат да останат на едно од првите две места во групата.

Со сериозно ослабен состав, нашата репрезентација треба да даде 100% од своите можности и да ги сведе техничките грешки на минимум доколку сака да дојде до победа над одличниот состав на Албанија, кој со своите досегашни настапи тоа и го потврди. По три одиграни средби Македонија и Албанија се на делба на второто место со по четири бода, а ние имаме подобат сет-количник.

Денеска во составот на Македонија ќе го нема и искусниот Владо Милев кој се повреди на последниот дуел во Скопје. Тоа ќе биде проблем плус за нашата селекција, но и дополнителен мотив за помладите да ги покажат своите потенцијали.

Покрај овој меч, во нашата група денеска од 16 часот се среќаваат и Босна и Херцеговина и Романија.

ПретходноБраќата Њокас од Скопје во Бахреин
СледноМакедонија со четири медали од БП во карате за сениори