Неколку италијански медиуми пренесоа вест дека Пари Сен Жермен го сака Жозе Мурињо за нов тренер на екипата. „Посебниот“ со Рома триумфираше во Лигата на конференции и со тоа придодаде во својата колекција нов европски трофеј.
„100% е сигурно дека и следната сезона ќе работам во Рома. Јас си ја сакам Рома. Не сакам кога губам, а губам повеќе отколку во другите клубови, меѓутоа луѓето во клубот и надвор од него ме сакаат. Не знам како да објаснам, но меѓу нас има некоја посебна врска“, изјави Мурињо.