Неуморната Хасан истрча светски рекорд на 10.000 метри! (видео)

157

Холанѓанката Сифан Хасан е нова светска рекордерка на 10.000 метри. Таа на Фани Бланкерс-Коен игрите во Хенгело постави време од 29:06.82 со што го подобри претходниот светски рекорд на Етиопјанката Алмаз Ајана која постави време од 29:17.45 на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Во октомври минатата година, Хасан истрча европски рекорд на 10.000 метри во Еншеде во екстремни температури, влажно и студено време но постави време од 29:36.67 минути.

ПретходноРОЛАН ГАРОС: Словенечката сензација Зиданшек стигна до четвртфинале
СледноЛудо во Баку: Верстапен беше пред победа но му пукна гумата, потоа Хамилтон излета, а Перез ја „зграпчи“ победата