Њукасл Јунајтед кој пред неколку месеци добија арапски газди почна да го гради тимот кој треба да биде конкурентен во Премиер лигата и да почне да ги исполнува зацртаните цели поставено од раководството. Револуцијата почна со ангажман на неколку фудбалери во текот на зимскиот преоден рок, а ќе продолжи во летото.
Првото летно засилување за „страчките“ е левиот бек Мет Таргет. Тој всушност играше за Њукасл во вториот дел од сезоната како позајмен од Астон Вила, а сега клубот од „Сент Џејмс Парк“ го откупи за 15 милиони фунти.
Тој стави потпис на четири годишен договор.