Халил Озтурк останува во ГРК Охрид и наредната сезона!

83

Турскиот ракометар Халил Озтурк и следната сезона ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Тој ги оправдата очекувањата и ќе има значајна улога во „новиот тим“ на сино-белите под палка на Горан Андоновски.

Зад себе Озтурк има 55 настапи и за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 беше прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.

ПретходноНуњез си ја договорил платата во Ливерпул, се чека финален договор меѓу клубовите
СледноИнтер во еден ден договори три аквизиции