Меѓу дебитантите во нашата фудбалска репрезентација во овој јунски циклус беше и младиот Валон Етеми. По одличната сезона во составот на турски Истанбулспор, Етеми дебитираше во нашиот тим на денешнот меч со Гибралтар.
„Победивме убедливо и тоа е најважно. Задоволен сум од моето деби за националниот тим. Ова навистина е круна на одличната сезоната за мене. Со Истанбулспор се изборивме за пласман во Суперлигата на Турција. Ќе направиме се да ја радуваме публиката и во иднина, среќен сум за настапот“, истакна младиот Етеми.