Ѓоковиќ падна од „тронот“, Медведев е новиот „крал“

135

Новак Ѓоковиќ „падна“ од првото место на АТП-листата, од овој понеделник, како што беше и очекувано. Во светот на тенисот имаме нов „крал“, Данил Медведев, кој на оваа позиција ќе остане барем во следните пет недели, никоја нема да го урне до крајот Данил Медведев.

Оваа промена дојде откако на српскиот тенисер му беа одземени бодовите од минатогодишниот Ролан Гарос. Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата беше рекордни 373 недели, сега се наоѓа на третото место со 6.770 бодови.

Медведев има 7.950 поени, зад него за прв пат во својата криера се наоѓа Германецот, Александар Зверев со 7.075 поени. Четвртото место му припадна на Рафаел Надал (6.525), следуваат Каспер Руд (5.050),  Стефанос Циципас (4.945), Карлос Алкараз (4.893), Андреј Рубљев (4.125), Феликс Оже-Алијасим (3.895) и Матео Беретини (3.570).

Новак може да падне и на седмото место на АТП-листата, но после Вимблдон, ќе изгуби 2.000 бодови.

ПретходноВо негов стил: Последниот гол на Миркуловски (ВИДЕО)
СледноВодно Санс го освои пехарот во М16 лигата!