Новитет во таборот на актуелниот шампион Шкупи. Досегашниот играч на тимот на Силекс, Благојче Спиркоски пристигнува на Чаир, како засилување за квалификациите за Лигата на Шампионите, а потоа секако и за одбрана на титулата во домашниот шампионат.
Спирскоски што се вели качува ниво погоре барем што се однесува до домашниот шампионат. Беше дел од тимот на Силекс со кој се освои суверено првото место но во ВМФЛ Запад, и реално беше еден од најдобрите играчи. Од Шкупи веруваат дека токму тој е една од замените за неколкумината заминати ова лето и затоа е и ангажиран.
Денеска Шкупи инаку се враќа од подготовките во Охрид, а в петок заминува за Турција.