Дефанзивниот играч за врска Александар Ѓорѓиевски е нов член на освојувачот на Купот Македонија Ѓорче Петров. Се работи за фудбалер кој претходно играше во Борец од Велес, а настапувал и за Охрид и за младинскиот тим на Вардар.
Инаку тој е третото ново име меѓу „лавовите“ по Христијан Пецов и Бојан Илиевски и со тоа пополека се крои тимот кој во новата сезона ќе игра и во УЕФА Конференциската лига.
Претходно денеска, клубот исто така излезе со информација дека се разделува со Христијан Коцев, Трим Амбари и Љавдрим Фазлиу додека Кристијан Филиповски става крај на играчката кариера и заминува во фудбалска пензија.