Ѓорѓиев: Не сме фаворити, но ни аутсајдери. Мора да играме паметно и зрело…

110

Одбојкарката репрезентација на Македонија денес ќе се соочат со Финска во рамките на завршниот турнир во Будимпешта. И покрај тоа што имаме два порази од овој противник на Европските првенства, капитенот Никола Ѓорѓиев вели дека Македонија има шанси да го елиминира противникот.
Не сме фаворити против Финска, но не сме ни аутсајдери. Сè зависи од тоа како ќе играме како ќе му пријдеме на тој натпревар. Треба да бидеме доста зрели, паметни и храбри бидејќи противникот прави многу малку грешки и како ние ќе одреагираме ќе биде клучот на тој натпревар. Иако противнкот е подмладен игра квалитетна одбојка и сè ќе се решава на една-две топки. Играат добро во зоната четири и ќе пробаме тука да ги запреме. Очекувам добар резултат“, рече нашиот капитен.

Натпреварот почнува во 16:00 часот, а победникот од дуелот ќе се соочи во финалето со подобриот од мечот Романија-Унгарија.

ПретходноПСЖ продолжува со засилувања: Витињo доаѓа за 40 милиони евра
СледноЕнцо Мареска во Манчестер Сити