Започнува лудилото во Келн: Барселона по историја, Веспрем по првенец!

194

Уште еден возбудлив викенд е на програмата во Лигата на шампионите. Овој пат најважниот, фајнл-фор завршницата во најсилното европско клупско натпреварување. Учесниците во едно се согласни, во Келн никогаш не е досадно, а чудата се возможни. Ова го потврди Вардар 1961 пред неколку години. Првата титула беше изненадувачка, но не и невозможна, но втората беше помалку достижна. Желбата заедно со упорноста ги прават тимовите двојно посилни од цела сезона, па токму затоа нема аутсајдери.

Веспрем, Кјелце, Барселона и Кил се четирите тима кои ќе се борат за пехарот. Првото полуфинале е закажано во 15:15 часот, во „Ланкесе Арената“ ќе истрчаат Веспрем и Кјелце. Унгарскиот тим е единствен во ова друштво без титула, додека на другата страна Кјелце последен пат на тронот се искачи во 2016 година, една сезона пред првата титула на Вардар.

Во втората полуфинална двојка не чека и тоа каква вистинска битка. Два гиганти, бранителот на тронот Барселона и Кил. Каталонскиот гигант, кој е најтрофеен тим во Лигата на шампионите ќе има нова шанса да испише историја, да стане првата екипа која успеала да се искачи на врвот две години по ред. Ракометарите на Барса ќе ја бркаат 11 титула во историјата.

На другата страна Кил пак сонува за петтиот трофеј, последен пат до него дојде во 2020 година и тоа на сметка на Каталонците. Па ќе биде интересно дефинитивно. Оваа средба е закажана со почеток во 18 часот.

ПретходноЕнцо Мареска во Манчестер Сити
СледноАбердин загреан за репрезентативецот: Импресионирани сме од Миовски